Loader image

Стандардно, сите продавачи на хостинг имаат ограничување за употреба на датотеки, понекогаш познато и како граница на inode. Ние ги ставаме ограничувањата на 600.000 фајлови и датотеки (други препродавачи даваат 75.000 - 300.000) за да ги одржуваме нашите системи оптимално. Домаќинот на голем број фајлови и датотеки на споделен веб сервер може да предизвика проблеми на серверот а исто така негативно да влијае на перформансите на системот за бекап кога станува збор за резервна копија и враќање на податоците.
Бројот на датотеки ги вклучува сите фајлови, датотеки и папки на вашата веб-страница. Тука спаѓаат сите слики, видеа, пдф папки, мејлови текст фајлови и друго. Вие можете да ја видите вашата тековна употреба на датотеки, како и границата што е поставена на вашата сметка со најавување панелот и да погледнете под "Статистика" што се наоѓа од десна страна.
Кога ќе го надминете максималното ограничување на датотеката, имате 7 дена да ја намалите датотеките во рамките на утврдените граници. Во текот на тие 7 дена вашата сметка ќе продолжи да функционира нормално.
Ако во рок од 7 дена не го смалите бројот на датотеки но нормала, тогаш автоматски ќе се блокира додавање на датотеки и фајлови и веќе нема да можете да ставате податоци на веб-страната. Исто така, тоа значи дека веќе нема да можете да примате и праќате емаил пораки.
Меѓутоа сакам да ви кажам дека 600,000 се повеќе од доста. На пример во нашиот хостинг имаме веб-страна www.midb.mk која има повеќе од 25.000 линкови (содржини) и истата користи 62,000 фајлови и датотеки.
Додека друга страна нема повеќе од 200 линкови (содржини) и истата користи 30,000 фајлови и датотеки. Истата има поголем број има галерии и мејлови.
Како да го намалите бројот на датотеки и фајлови
1. Логирајте се во панелот и кликнете на иконата "Disk Usage".
2. Потоа ќе ви биде претставен преглед колку имате искористено на дискот од секој директориум под Вашиот веб-простор. За жал, податоците само ни ја прикажуваат искористеноста на дискот во MB / GB, а не бројката на искористените датотеки на секој директориум, но обично можеме да ги користиме овие податоци за да добиеме добра идеја за тоа што предизвикува голема искористеност на датотеките.
Во примерот подолу, можеме да видиме дека двата главни директориуми со висока искористеност на дискот се директориумите public_html и поштата, така што можеме со сигурност да претпоставиме дека има многу датотеки во секој од овие директориуми.
Искористеност на дискот (Disk Usage)
3. Според Нашето искуство, искористеноста на дискот со е-пошта директориумот е со поголема веројатност да содржи голем број датотеки (секоја е-пошта зачувана на серверот е 1 датотека).
Врвен совет: Откриваме дека најчеста причина за голема бројка на датотеки е главната сметка за е-пошта. Стандардно, главната сметка ќе добие електронски пораки за известување за работа и клиентите имаат тенденција да заборават на ова поштенско сандаче и само да ја остават да се пополни, така што испразнувањето на основното поштенско сандаче е обично најлесниот начин за драматично намалување на броењето на датотеката.
4. Доколку откриете дека немате многу зачувани електронски пораки на серверот, тогаш големата искористеност на датотеките најверојатно доаѓа од Вашиот директориум public_html, во тој случај треба да се вратите на страницата "Disk Usage" во cPanel и барајте низ директориумите додека не го пронајдете оној со голем број на датотеки.
Ако не сте во можност да избришете никакви датотеки за да ја намалите Вашата искористеност во рамките на границите, другата опција е да се префрлите на VPS или на Dedicated Server, бидејќи ниту една од овие опции не го наметнува ограничувањето на датотеките.
Веднаш штом ќе го намалите броењето на датотеките на ниво под границата поставена на Вашата сметка, тогаш Вашата сметка повторно ќе функционира нормално.

Секој продавач на хостинг простор нуди одредени пакети, па така може да видите дека одредена компанија нуди и неограничен простор за складирање на податоци. Меѓутоа тоа не е точно, бидејќи секогаш постојат ограничувања. Еве неколку примери:

Прв пример за споделен хостинг бројот на датотеки може да се движи од 75,000-600,000.
Психичката меморија обично е 1 -2 GB.
Процес на посетеност 20-35
Број на процеси 20-50

Ова значи дека секако има ограничувања во споделените хостинг услиги. Бројот на датотеки е ограничен така да ако имате повеќе датотеки односно страници слики и друго тој број може лесно да достигне до некој максимум. Па да кажеме дека сте купиле хостинг со неограничен простор, а во него сакате да ставите 3-5 страни, со многу содржини, треба да бидете претпазливи и стално да ја проверувате датотеката. Процесот на посетеност трае приближно една секунда, затоа повеќето луѓе се мешаат со тоа колку посетители можат да имаат на нивната веб-страница. Процесот на внесување ограничувања од 20 не значи дека само 20 луѓе можат да бидат на вашата веб-страница одеднаш, бидејќи веројатноста сите 20 луѓе да ја отворат вашата веб-страница во иста секунда е многу малку веројатно дека да се случи. Меѓутоа повторно ако имате повеќе страни тоа сигурно може да доведе до успорување, исклучување на страната се додека не се стабилизира процесорот. Во тој неограничен простор има и ограничување на бекап обично до 50 GB и ако ги надминете истите повеќе нема да имате зачувани бекапи, кој се прават на дневна, неделна и месечна основа, а се корини затоа што во случај по грешка да избришете некоја потребна база на податоци или грешка во датабазата (MySQL) можете истите да ги повратите. Затоа треба да бидете претпазливи и да ги прашате за сите детали пред да се одлучите да купите, секогаш има ограничувања. Нашите пакети на споделен хостин простор нудат:

Простор зависи од потребите од 1 GB до 250 GB
Број на датотеки: 600,000.
Психичката меморија: 1-4 GB.
Процес на посетеност 35-100
Број на процеси: 50-150

Колачињата се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер, таблет или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
Зошто се користат колачиња ?
За техничко функционирање на веб страницата;
За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот.
За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња на оваа веб страница.
Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
Каков вид на колачиња се користатт?
Се Користат постојани колачиња , кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Време на чување на колачињата
Колачињата се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно 60 дена, додека самите не ги избришете или автоматски не се избришат.
Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата?
Информациите поврзани со колачињата , не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња можете да ги избришете во историјата во Вашиот пребарувач или да ги блокирате.
Можете да ги избришете сите колачиња кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна.

Mobile Friendly Theme е тема (Website Templates) која работи на сите оперативни системи наменети за уреди како што се: персонални компјутери, таблети и мобилни уреди.
Сите наши веб-страни се со теми кои се прилагодени и оптимизирани за мобилен преглед.
Доколку страната не е оптимизирана, односно не е мобилна (Mobile Friendly Theme), Google ја исклучува од системот за пребарување, со што Вашата страна нема да може да се пронаоѓа на мобилните уреди.

Нашата компанија работи на систем
РЕШЕНИЕ СЕ-ВО-ЕДНО.
Тоа значи дека Ние ќе ви обезбедиме:
Хостинг простор според потребите.
Биснис емаил адреси
Апликација (пр. Упис, вработување и др...)
Линкови до социјални мрежи (Facebook,Twiter,Google ...)
Контакт образец
Изработка на Google Мапа
Интерактивна страна со променливи содржини
Пријава на Google и други пребарувачи
Google аналитика
Мобилен преглед (Mobile-Friendly Theme)
Антиспам заштита
Автоматски бејкап
Пристап на домен со или без "www"
Според догововорот ќе поставиме одреден број на содржини.

1 содржина преставува:
- Текст (А4 формат (1800 карактери) = една содржина)
- Содржина (10 слики и текст А5 формат = една содржина)
- ПДФ документ (до 20 MB = една содржина)
- Галерија (20 слики = една содржина)
- Видео или флеш (1 видеа или 1 флеша = една содржина)

Одржување на веб-страна.

Одржувањето подразбира тековни надграби, спам превенција, бекап и др...
Страните направени кај ние ги надградуваме со содржини пратени од Ваша страна преку емаил.
Содржините се додават веднаш односно максимум за 2 работни дена по добивањето.
Отварање на бизнис емаил адреси
Прочитај Повеќе
Пријава на google и други пребарувачи.
Доколку немате домен ние ќе го купиме за Вас и ќе го сетираме.
Отварање на главно мени со сите подменија што ќе бидат потребни.
Отварање на контакт форма.
Внесување на сите потребни ставки.
Техничка помош и многу други неспоменати работи.
Цената зависи од големината на страната и содржиние во истата.

Потребно е само да не контактирате.

Доменот е идентитет на секоја веб-страна. Секоја страна приклучена на интернет се идентификува преку сопствен домен и наставка која прикажува од каде потекнува доменот (.mk и ,com.mk се наставки за Македонски домени)
Домен е името на интернет страницата и претставува низа од карактери за идентификација што опфаќа поле на административна автономија, авторитет или контрола на Интернет, базирано на системот за именување на домени.
Хостинг е место на сервер каде што е поставена интернет страницата. Тој сервер нуди повеќе функционалности и е постојано прикачен на интернет, со што интернет страницата е 24 часа онлајн.

Текст (А4 формат, односно 1800 карактери = 1 содржина)
Производ (2 слики и текст А5 формат, односно 900 карактери) = 1 содржина
ПДФ документ (10 MB) = 1 содржина
Галерија (10 слики) = 1 содржина
Видео споделено = 1 содржина
Блок = 1 содржина

Ова се поставки кога Макдомен ја одржува креира страната.

Содржина јазол изработен посебно, како на пример страната За Нас, Контакт и слично кој содржат текстови, видеа, галерии, ПДФ и др... една страна.

Оваа статија опфаќа автоматски и рачни бекапи на датотеките  на податоци на MySQL и резервни копии на cPanel.

Важно да се спомене дека бекапот може да биде максимум до 50GB, кога оваа бројка ќе надмине нема да се прават нови бекап копии.

Затоа е важно во определен период рачно да направите копии од вашите податоци.

Бекап копиите се важен дел од администрацијата на веб-страната. Кога чувате копии од датотеките и конфигурациите на вашата веб-страна на безбедна локација, можете да ги користите за да ја вратите вашата веб-страница во случај да се случи нешто што го спречува правилното функционирање на истата.

Можете да направите и сами бекап на страната,

комплетен бекап,
само на датотеката (Home Directory),
на датабазата (MySQL Database Backup)
како и на редиректирани емаил адреси (Email Forwarders)

Комплетниот бекап после креирање останува во хостингот и со тоа зазема двојно простор затоа е добро да го преземете на вашиот компјутер и истиот да го избришете.

Бекап на датотеката (Home Directory), ги презема сите датотеки како и мејловите во базата. Истиот се спушта директно во вашиот комјутер во Downloads (доколку истата не сте ја промениле)

Бекап на датабазата (MySQL Database Backup) презема само датабазата. Истиот се спушта директно во вашиот комјутер во Downloads (доколку истата не сте ја промениле)

Бекап на редиректирани емаил адреси (Email Forwarders) ги презема само редиретираните емаил адреи. Истиот се спушта директно во вашиот комјутер во Downloads (доколку истата не сте ја промениле)

FTP е кратенка за протокол за пренос на податоци (ППП). Тоа е стандарден мрежен протокол што се користи за пренос на компјутерски датотеки од еден домаќин на друг преку мрежа базирана на TCP, како што е интернетот.

Како и сите опслужувачи и нашите сервери лесно и брзо можат да се конетктираат користејки ППП (FTP). За поврзување на ППП треба да имате корисничко име и лозинка како и опслужувачката порта која обично е 21 но не на сите сервери.

ППП се користи за брзо пренесување на податоци од компјутер на сервер и обратно.

Називот на доменот се состои од најмалку 1 до најмногу 63 знаци, првиот и последниот знак не може да биде знакот „-“(тире).

Право на регистрација на .mk домен имаат сите домашни и странски, физички и правни лица.

Право да регистрираат таков домен имаат трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

Право да регистрираат gov.mk домен имаат органите на државната управа на Република Македонија, установи и други организаци утврдени со Уставот на Република Македонија и закон, како и јавни претпријатија и единици на локалната самоуправа и градот Скопје. Регистрацијата на .gov.mk се врши во МАРнет.

Право да регистрираат edu.mk домен имаат образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.

Право да регистрираат org.mk имаат непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.

Call Now Button